Вестбрук изедначи достигнување на Чемберлен од 1968 година

Од:

Екипата на Оклахома Сити Тандер победи со 117:112 како гостин на Хјустон Рокетс во средба од регуларната сезона на НБА. Дуелот во „Тојота Центар“ започна изедначено, а „ракетите“ имаа предност од три поени по крајот на првата четвртина. Во втората домаќините имаа јасна превласт и забележаа 42 коша во делот, а предноста стигна до +26, а на одморот беше 22 – 70:48.

Улогите се разменија по 15-минутната пауза и избраниците на Били Донован реализираа за возврат 42, за да го изедначат резултатот пред решавачката четвртина. Во неа, предводени од Расел Вестбрук и Пол Џорџ, „громовите“ успеаја да го надиграат тимот од Тексас и така да постигнат вредна победа на гостувањето кај Џејмс Харден и компанија.

„Брадата“ направи се што е во негова моќ за домаќините, но неговите напори останаа залудни и покрај 42 поени.

Ова беше 29-ти последователен натпревар за него со минимум 30 поени во лигата, што го доближи на два од второто најдобро достигнување во историјата на играта, дело на Вилт Чембрлен од 1962 година.

Вестбрук пак израмни друг рекорд на легендарниот поранешен кошаркар на Филаделфија 76-ерс и Л.А. Лејкерс од 1968, откако го направи 9-тиот последователен „трипл-дабл“ – 21 поени, 12 скокови и 11 асистенции. Пол Џорџ постигна „дабл-дабл“ – 45 поени, од кои 15 во последниот дел, додавајќи 11 скока.

Така Оклахома запиша трет последователен успех и се зацврсти на третата позиција во Западната конференција, откако веќе е само на победа од вториот Денвер Нагетс, додека Хјустон останува петти.

Резултати од НБА:

Јута – Сан Антонио 125: 105
Индијана – Кливленд 105: 90
Атланта – Шарлот 120: 129
Њујорк – Торонто 99: 104
Бостон – Лос Анџелес Клиперс 112: 123
Мемфис – Њу Орлеанс 99:90
Хјустон – Оклахома 112: 117
Милвоки – Орландо 83: 103.

Би можело да ве интересира

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа

Лејкерси го „прегазија“ ривалот, тргнаа по титулата

Предраг Петровиќ