Верстапен во драматична трка ја освои титулата светски првак

Од:

Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) е нов светски првак во Формула 1, откако денеска триумфираше во последната трка од сезоната, Големата награда на Абу Даби, пред Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес).

Верстапен до својата прва титула во кариерата дојде на драматичен начин, претекнувајќи го Хамилтон во последниот круг од трката.

Верстапен и Хамилтон влегоа во трката во Абу Даби бодовно израмнети (369.5) што однапред ветуваше драматична завршница сезонава во Формула 1.

Холанѓанецот стана 34. возач во историјата кој ја освоил титулата светски првак, а рекордери се Луис Хамилтон и Германецот Михаел Шумахер со по седум титули. Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо има пет, додека Французинот Алан Прост и Германецот Себастијан Фетел по четири светски титули.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона