Верстапен: Подобро е да се учи од грешките во Формула еден, отколку во послабите серии

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен смета дека е подобро да се учи од сопствените грешки во Формула 1 отколку да се дозволат недостатоци во помалите серии.

Според него, грешките во другите категории можат да го спречат напредокот во Формула 1.

– Имав само една година во Формула 3 пред Формула 1, па, се разбира, направив некои грешки во елитната серија. Можеби другите возачи се усовршуваа преку возење во послабите серии, но јас мислам дека подобро е да се напредува преку учетвата на на највисоко ниво. Тука и да се прават грешки, може да се учи од нив, наместо да се натпреваруваш во помладите серии.

Грешките во тие трки може да ве чинат и кариера во Формула 1. Поради нив, едноставно не можете да бидете поканети во елитата, изјави Верстапен.

Би можело да ве интересира

Шефот на Ферари: Фетел е среќен и мотивиран во Ферари

Хонда се изненадени од својот напредок

Прост: Грешките на Фетел можеби се должат од недостаток на мотивација

Биното се повлекува како технички директор на Ферари

Ред Бул ги урна сите брзински рекорди на Ф1 трката во Силверстон

Хонда ќе се израмни со Мерцедес со следната надградба

Ана Ололовска