Верстапен победник на трката за Големата награда на Мексико

Од:

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи вечерва на трката од Формула 1 шампионатот возена вечерва за Големата награда на Мексико .

Успехот на Ред Бул го надополни Серхио Перез со освојување на третото место. Перез стана првиот Мексиканец кој изборил место на победничкиот подиум.

Бранителот на шампионскиот трофеј, Луис Хамилтон го освои второто место.

Бодови уште освоија (4 – 10. место): Пјер Гасли (Алфа Таури), Шарл Леклер (Ферари), Карлос Сајнц (Ферари), Себастијан Фетел (Астон Мартин), Кими Раиконен (Алфа Ромео), Фернандо Алонсо (Алпин) и Ландо Норис (Мекларен).

Во Генералниот пла сман Верстапен ја зголеми предноста во однос на Хамилтон. Холанѓанецот сега има 312,5 бода, додека Британецот собра 293,5. Трет е Валтери Ботас со 185.

До крајот на сезоната остануваат уште четири трки.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона