Верстапен: Нема никакви гаранции дека Ред Бул ќе биде подобар во 2021 година

Од:

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е претпазлив во проценката на шансите на тимот за титула во 2021 година.

– Да, можеби пропуштивме некои шанси во 2020 година, но и да ги искористевме, немаше да играат голема улога во борбата за шампионската титула. Сепак, се разбира, секогаш има трки на кои можете подобро да се справите. На крајот, ние како тим завршивме добра работа и се опоравивме од проблемите со болидите на почетокот на сезоната. Секако, нема гаранции дека ќе се претставиме подобро следната година и, се разбира, има многу аспекти што треба да се подобрат, изјави Верстапен.

Холандскиот пилот се надева дека доаѓањето на Серхио Перез ќе го направи тимот посилен.

– Тој имаше одлична сезона и се претстави многу добро. Серхио ќе донесе многу искуство во тимот, и јас сум многу среќен што работам со него. Сигурен сум дека добро ќе се согласуваме. Се надевам дека со нашите два болида ќе му го отежниме животот на Мерцедес следната година, додаде возачот на Ред Бул.

Тимот на Ред Бул, сезоната 2020 во шампионатот во Формула 1 ја заврши на втората позиција со 319 бода, зад Мерцедес кој освои 573.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона