Верстапен е подготвен да прифати казни во име на поголема моќност

Макс Верстапен од Ред Бул изјави дека нема ништо против да претрпи казни на стартната линија за замена на моторите, доколку тоа доведе до реално зголемување на моќноста во болидот.

Коментарот на младиот Холанѓанец е резултат на првата надградба која ја подготви Хонда за трката во Баку овој викенд – четвртиот круг од сезоната. Иако стариот мотор на Верстапен и на неговиот тимски колега Пјер Гасли е употреблив, тие го заменуваат со нов, што сигурно ќе им донесе казни.

– Всушност јас сум многу среќен, бидејќи гледам дека Хонда работат напорно за овие подобрувања и тоа секогаш е убаво. Минатата година покажав дека дури и да се вклучам одзади, можам да завршам на подиумот. Пример за тоа е „Остин“. Посреќен сум, ако на крајот на сезоната можам да кажам дека навистина го намаливме растојанието од Мерцедес и Ферари, рече Верстапен.

Тој ги потврди информациите дека сегашната промена на моторот на Хонда е поради сигурноста, а не поради моќноста.

– Новиот мотор ќе го користиме подолго од првиот. Презентацијата исто така ќе се подобри со него, но нема да е многу. Секогаш може и подобро и тоа е причината од Хонда да се трудат постојано за подобар концепт, вели тој..

Холандскиот возач смета дека Хонда го скратиле заостанувањето од Мерцедес, но не и од Ферари.

– Мислам дека сме поблиску до Мерцедес, но тешко е да се каже, бидејќи секој постојано се подобрува со нешто. Ферари нашле пристап кој работи многу успешно и тоа е мотивација за Хонда, заврши Макс.

Би можело да ве интересира

Прост: Грешките на Фетел можеби се должат од недостаток на мотивација

Биното се повлекува како технички директор на Ферари

Ред Бул ги урна сите брзински рекорди на Ф1 трката во Силверстон

Хонда ќе се израмни со Мерцедес со следната надградба

Ана Ололовска

Фетел ќе го загуби статусот на број еден во Ферари

Еди Џордан: Хамилтон ќе оди во Ферари, Фетел и Верстапен ќе возат за Мерцедес