Вернер, Обамејанг и Морено на листата на желби на Барселона

Од:

Тимо Вернер о Лајпцигх, Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал и Родриго Морено од Валенсија се наоѓаат на листата на желби на Барселона во јануарскиот преоден рок. Каталонците не сакаат да остават ништо на случајот по повредата на Луис Суарез и на големо прават комбинации за пополнување на дупката во нападот.

Валенсија не сака да слушне да го продаде Морено за помалку од 60 милиони евра. Тоа би можело да претставува проблем за Каталонците бидејќи финансискиот фер плеј уште сега ги обврзува на продажба на играчи во вредност од 124 милиони евра.

На „Камп Ноу“ веќе владее блага паника по повредата на Суарез. Уругваецот ќе биде надвор од фудбалските терени во наредните четири месеци и дилема е дали воопшто ќе се врати во првиот тим на Барселона до крај на сезоната. Затоа и загреаноста на тренерот Кике Сетјен и соработниците во стручниот штаб за ангажман на напаѓач во текот на јануари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска