Вердер му даде гол на Баерн, а потоа прими шест

Од:

Бранителот на трофејот во Бундеслигата, тимот на Баерн Минхен попладнево го победи Вердер со убедливи 6:1 и на најдобар начин ја прекина мини-серијата од два пораза по ред.

Хет-трик забележа Кутињо, два пати погоди Роберт Левандовски, а еднаш во листата на стрелците се запиша Томас Милер.

Единствениот погодок за гостите беше дело на Милот Рашица.

Ова беше натпревар од 15. коло од Германскиот фудбалски шампионат. Баерн со 27 бода во моментов е на 4. место, додека Вердер со 14 бода е на 15. позиција. Лидер е Борусија Менхенгладбах со 31 бод и натпревар помалку, додека Лајпциг е втор со 30 исто така од 14 средби. Пред Баерн е и Борусија Менхенгладбах со 29 бода.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска