Верати може да го пропушти остатокот од сезоната

Од:

Играчот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Марко Верати ќе го пропушти четвртфиналето на Лигата на шампионите против Аталанта, пренесува „РМЦ Спорт“. Постои можност тој да не се врати на теренот до крајот на сезоната во елитното натпреварување.

dobivaj vesti na viber

Италијанецот се повреди на еден од тренинзите по судир со соиграчот Ерик Максим Чупо-Мотинг. Играчот од средниот ред го повреди мускулот (листот) на потколеницата.

Натпреварот Аталанта – ПСЖ ќе се одржи на 12 август. Оваа сезона ќе се играат само по еден дуел во четвртфиналето и полуфиналето.

Неизвесно е и учеството на Килијан Мбапе, Анхел Ди Марија е суспендиран, а договорот на Единсон Кавани истече. Покрај тоа, тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, се здоби со скршеница на стапалото.

Би можело да ве интересира

Верати најверојатно ќе го пропушти Европското првенство

Жарко Настоски

Тухел: Против Аталанта ќе биде многу тешко да се одбрани голот

Жарко Настоски

Нејмар вреди колку целиот тим на Аталанта, противникот на ПСЖ во Лигата на шампионитe

Жарко Настоски

ПСЖ летово сака да го доведе Тео Ернандез

Жарко Настоски

Нејмар склон да потпише нов договор со ПСЖ

ПСЖ не ги прекршил правилата за финансиски фер-плеј

Предраг Петровиќ