Венгер се залага за Светско првенство на секои две години

Од:

Светските фудбалски првенства наместо на секои четири години, како досега, треба да се одржуваат во временски интервал од две години, оцени денеска поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, кој сега е советник за глобален фудбалски развој на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Венгер смета дека сегашниот четиригодишен мундијалски формат е неправеден кон фудбалерите.

-Ако ги погледнете екипите на светските првенства, ќе видите дека просечната возраст на репрезентациите е 27 или 28 години. Поаѓајќи од тоа секое Светско првенство се одржува на четири години, фудбалерите имаат многу мали шанси повторно да го освојат, бидејќи тогаш веќе ќе бидат во поодминати фудбалски години, изјави Венгер за „BeIn Sport.

Францускиот фудбалски стратег во минатото често ја критикуваше Лигата на нации на УЕФА и е поборник на идејата дека светските и европските првенства се најважни.

– Исфрлете сè друго. Организирајте само важни натпреварувања, а исфрлете ги од игра сите други паралелни со нив. Луѓето мораат да разберат за што станува збор и да имаат пред себе само натпреварувања и игри со значење, рече Венгер, кој истакна дека треба да се менува и форматот на квалификации.

Би можело да ве интересира

Нови навивачки инциденти во францускиот фудбал

А1он

Ето се кандидираше за прв човек на камерунскиот фудбал

А1он

Демба Ба замина во фудбалска пензија

А1он

Пенал по само пет секунди во африканските квалификации за СП 2022, најбрз во историјата

Ана Ололовска

Франција ја продолжи низата без победа, Данска со максимален ефект во мундијалските квалификации

Ана Ололовска

Венгер очекува Халанд да се пресели во клуб од Премиер лигата во наредните години

А1он