Венгер очекува Халанд да се пресели во клуб од Премиер лигата во наредните години

Од:

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд наскоро ќе се пресели во клуб од Премиер лигата.

– Верувам дека ова ќе се случи. Премиер лигата е многу силна лига економски. Англискиот фудбал доминира затоа што има многу пари и најдобрите фудбалери секогаш ја бараат најдобрата можност да заработат што е можно повеќе. Халанд ќе биде следниот голем стрелец по Мбапе. Тој е многу талентиран. Неговите амбиции, желбата за гол и борба за топката говорат сами за себе. Сака да победува, има квалитети да стане голем напаѓач, изјави Венгер за „Goal“.

Во сезоната 2021/22, Халанд одигра пет натпревари за Борусија Дортмунд, постигнувајќи шест гола и три асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на 21-годишниот Норвежанец на 130 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Над две третини од фудбалерите во Премиер лига се вакцинирани

А1он

ФИФА може да ја укине забраната за бразилските играчи на следните натпревари во Премиер лигата

А1он

Санто прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата за август

А1он

Шеснаесет нови случаи на коронавирус во Премиер лигата

А1он

Погба стана седмиот играч во историјата на Премиер лигата со четири асистенции на еден натпревар

Алиоски веќе не е играч на Лидс, клубот не му го продолжи договорот

Жарко Настоски