Велешкиот ракометен клуб „Борец“ издава сезонски влезници

Од:

Управата на Градскиот ракометен клуб „Борец” Велес денеска ја започнува постапката за издавање на сезонски влезници за ракометните натпревари за претстојната натпреварувачка сезона 2015/2016.

Како што информира на денешната прес – конференција Горан Ристовски, претседател на ГРК „Борец“, пријавувањето за добивање на сезонска влезница ќе се врши во просториите на клубот кои се наоѓаат во спортската сала „Гемиџии”, секој работен ден од 18:00 до 20:00 часот.

– Заинтересираните граѓани потребно е со себе да понесат лична карта или друг документ за идентификација. Пријавување ќе започне денеска и ќе трае до 11.09.2015. Бројот на сезонски влезници е ограничен на петстотини, информираше тој.

За првите 100 пријавени љубители на ракометот следува подарок – маица со брендирано лого од ГРК Борец.

Цената на сезонската влезницита изнесува 300 денари.

– Уплатата ќе се врши по добивањето на влезницата, за што граѓаните ќе бидат известени од управата на клубот, информира Ристовски.

Како што потсети Ристовски ГРК „Борец“ е нов член на Супер лигата, а за таа цел неодамна доби финансиска подршка од 25 илјади евра од Општина Велес.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa