Векиќ на финалето на Нотингем

Од:

Хрватската тенисерка Дона Векиќ се пласираше во финалето ВТА турнирот во Нотингем, откако славеше во полуфиналето против Германката Татјана Марија со 2:1 во сетови.

Првиот сет и припадна на Германката со 7:5 во гемови, но потоа Хрватката возврати со два освоени сетови со 6:2 и 6:0 во гемови и се пласира во финалето.

За Векиќ ова е второ финале во Нотингем и вкупно осмо во кариерата. Досега освоила два турнира, првиот во 2014 година во Куала Лумпур, а вториот пред две години токму во Нотингем, каде што веќе трета година по ред игра во полуфиналето.

Векиќ во финалето ќе игра против победничката од мечот меѓу Французинката Каролин Гарсија и Американката Џенифер Бреди.

Би можело да ве интересира

Кис победничка на турнирот во Синсинати

Ана Ололовска

Шарапова и Венус Вилијам добија „вајлд-карта“ за турнирот во Синсинати

Ана Ололовска

Серена: Бев како уплашен ѕвер

Ана Ололовска

Серена казнета со 10.000 долари за оштетување на „светата трева“

Ана Ололовска

Нова сензационална победа на 15-годишната Кори Гоф на „Вимблдон“

Ана Ололовска

„Вимблдон“: 15-годишнaтa Коко Гауф ја совлада Венус Вилијамс

Татјана Ташкова