Вардаровата експедиција составена од фудбалерите, стручниот штаб и раководството, денеска отпатува за Истанбул каде што утре ќе го одигра реванш натпреварот од плеј-офот во Лигата на Европа против Фенербахче.
„Црвено-црните“ денеска ќе одржат и прес-конференција во 18:30 часот по македонско време, а во 19 часот е официјалниот тренинг на Вардар на стадионот „Шукру Сарачоглу“.
Натпреварот помеѓу Фенербахче и Вардар се игра утревечер со почеток во 19:30 часот.
Првиот натпревар одигран во Скопје заврши со победа на Вардар од 2:0.