Вардарци преку Барселона до трофејот во Лигата на шампионите

Од:

Екипата на Барселона ќе биде противник на македонскиот првак Вардар во полуфиналето во ракометната Лигата на шампионите.

Ова е исходот од денешната жрепка одржана во Келн каде ќе се игра и завршиот „Ф4“ турнир.

-Барселона е силен ривал, беше прва во групата, има одлични голмани и поседува квалитет на сите делови од тимот. Тоа ќе биде интересен натпревар, тежок натпревар, но ние сигурно ќе се подготвиме како што треба. Ако играме како против Фленсбург, верувам дека играчите сега ја имаат и потребната самодоверба, можеме да стигнеме до финалето, изјави веднаш по дознавањето на противникот тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

За еден од најдобрите вардарови ракометари Тимур Дибиров, да се игра против Барселона е чест, но Русинот смета дека Вардар планира во Скопје да се врати со шампионскиот трофеј.

-За нас е огромна чест што ќе излеземе на мегдан со гигант како Барселона. Ние нема да одиме таму за да го гледаме европскиот крем, сакаме да се вратиме во Скопје со последниот авион и со пехарот кај нас, изјави Дибиров.

Во второто полуфинале ќе играат унгарскиот првак Веспрем и францускиот Париз Сен Жермен.

Полуфиналните натпревари на „фајнал-форот“ ќе се игра на 3 јуни во термините од 15:15 часот и втор во 18 часот, а во истиот термин ден подоцна ќе се играат мечевите за пласман.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски