Вардар се врати на врвот во СЕХА-лигата

Македонскиот шампион Вардар вечерва во Ниш го победи Железничар со 24:22 во 11. коло од СЕХА-лигата. За „црвено-црните“ ова беше деветта победа во регионалното ракометно натпреварување по што се врати на челната позиција на табелата.

До трите бод Вардар стигна по неизвесен финиш. Домаќините во последната минута не реализираа напад за израмнување. Избраниците на тренерот Роберто Парондо можеа мечот да го решат порано, бидејќи имаа предност од четири разлика на дваесетина минути пред крајот но му дозволија на противникот резултатски приклучок.

Вардар е прв со 27 бода, пред Татран Прешов и Загреб со по 24.

Вториот македонски претставник во СЕХА, тимот на Металург својот дуел од 11.рунда ќе го има утре против Мешков Брест од Белорусија (почеток 17:30 часот).

Би можело да ве интересира

Бразилецот Толедо нов ракометар на Вардар

Ана Ололовска

Димитриоски нов ракометар на Вардар

Ана Ололовска

Скубе останува во Вардар до 2022

Ана Ололовска

Горпишин и Атман го засилуваат Вардар

Ана Ололовска

Од денес можност за фотографирање со пехарот од ракометната ЛШ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Вардар преку специјално видео се збогува со ракометарите кои си заминуваат

Ана Ололовска