Вардар ремизираше во Битола, Скопје не потклекна пред Шкендија

Од:

Во рамките од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига Вардар одигра нерешено без голови на гостувањето во Битола кај Пелистер. Шкендија, пак, не беше ефикасна на гости кај последнопласираниот Скопје и одигра реми без голови.

Работнички и Академија Пандев одиграа нерешено 1:1. Силекс со 1:0 ја совлада Победа, а Ренова триумфираше против Шкупи со 3:1.

Вечното дерби под „Тумбе кафе“ помина без фудбалски возбудувања.

Натпреварот и покрај неколкуте шанси за гол не донесе многу квалитетен и интересен фудбал, па ремито без голови беше најреален исход на средбата.

Екипата на Скопје продолжи со изненадувањата во вториот дел од сезоната, па денеска одигра реми без голови против фаворизираната Шкендија. Скопје сега се наоѓа на само четири бода од местото кое води во бараж средбите за опстанок.

Силекс оствари значаен триумф против Победа и е поблиску до пласман во квалификациите за Лига Европа. Дејан Благојевиќ во 26.минута беше стрелец на победничкиот гол за кратовци.

Работнички и Академија Пандев одиграа нерешено 1:1. Давид Атанаскоски беше прецизен во 36.минута и донесе водство за Академија Пандев.

Виктор Ангелов во 64.минута не успеа да реализира пенал за израмнување за Работнички, а Николче Шаркоски пет минути подоцна постигна гол за конечни 1:1.

Ренова го совлада Шкупи со 3:1 во Тетово. Влатко Стојановски двапати беше прецизен за „гипсарите“ во 14 и во 36 минута, а Меџит Незири во 57 минута го зголеми водството на 3:0.

Кристијан Стојковски во 51.минута постигна гол за Шкупи и ја намали разликата на 3:1.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он