Вардар ПРО против Магдебург во 3. коло од ЕХФ Купот

Од:

Германскиот ракометен великан Магдебург ќе биде противникот на македонскиот претставник Вардар про во третото коло од ЕХФ-купот, одлучи денешниот ждреб во Виена. Првиот натпревар ќе се игра на 24/25 ноември во Германија, а реваншот ќе биде седум дена подоцна во Скопје.

Тимот на Веселин Вујовиќ доби голем ривал за противник, но тоа дефинитивно ќе ги зголеми мотивите за добра презентација во европски и рамки и ќе биде вистински спектакл за љубителите на ракометот во нашата држава. По Металург, кој гази во Лигата на шампионите и игра против најдобрите европски екипи, сега и Вардар про добива убава можност да го покаже своите квалитети на меѓународна сцена против еден суперсилен ракометен тим.

Би можело да ве интересира

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ