„Вардар“ победник на завршниот ракометен турнир во пионерска конкуренција во Делчево

Женската екипа на „Вардар“ од Скопје е победник на завршниот ракометен турнир во пионерска конкуренција што се одржа во Делчево.

Во финалниот дуел Вардарки беа подобри од екипата на „Стружанка“ која го освои второто место. Во екипата на „Вардар“ најзадоволен беше тренерот Анџела Платон на која ова и е прв трофеј со пионерките.

-Чувството е прекрасно, премногу сум горда што сум тренер на прекрасен и неверојатен клуб. Им честитам на девојките, ме направија среќна, ова е прв пат да освојам златен медал со девојките и сум многу среќна, изјави Платон.

За МВП на турнирот беше прогласена Бојана Гоцева од шампионската екипа на „Вардар“.

-Напорно трениравме во текот на првенството и навистина ова е награда за сите нас, истакна Гоцева.

Задоволство од освоеното сребрио имаше и кај „стружанки“. -Можевме и подобро, но игравме против Вардар и се на се ова е огромен успех за нас, задоволни сме од постигнатиот резултат, истакна Теодора Дукоска од екипата.

Бронзениот медал и припадна на екипата домаќин РК „Делчево“ кои се покажаа како добри организатори на спектаклот. -Мораме да бидеме задоволни со третото место сепак сме меѓу најдобрите четири во државата. Како организатори на овој настан покажавме дека сме зрели за уште голем број на вакви настани, истакна тренерот Горан Велков.

Натпреварите РК „Делчево“ го организираше со поддршка на општина Делчево.

Би можело да ве интересира

Младите ракометарки го победија Косово на ЕХФ шампионатот

Пецаковски по четврти пат ќе го облече дресот на Металург

Мартин Димов нов ракометар на Бутел

Ана Ололовска

Брестовац го објави списокот на ракометари за СП У19

Ана Ололовска

Металург се засили со Мариќ

Хрватот Јотиќ потпиша за Еурофарм Работник

Ана Ололовска