Вардар одреди популарна цена на влезниците за дуелот со БАТЕ Борисов

Од:

Управата на „ФК Вардар“ од Скопје одлучи цената на влезниците за реванш натпреварот со БАТЕ Борисов од квалификациите за Лигата на шампионите да биде 100 денари. Во продажба ќе бидат пуштени влезници за сите трибини (север, југ, исток и запад), додека дел од западната трибина традиционално ќе биде резервиран за навивачката група „Комити“, стои во информацијата објавена на веб страната на клубот.

Управата на Вардар се определи на популарна цена за сите триби со една цел, секој да може да дојде до влезница и колку што е можно повеќе навивачи да дојдат на „Националната арена Филип Втори“ за да го бодрат Вардар во реваншот со Бате Борисов, велат раководните луѓе на македонскиот шампион.

Влезниците за средбата Вардар – БАТЕ Борисов која ќе се игра на 25 јули (среда) од 20 часот ќе се продаваат во продажните салони на Тобако низ Скопје и Македонија, како и на билетарата на „Национална арена Филип Втори“.

Од „ФК Вардар“ дополнително ќе соопштат кога ќе бидат пуштени во продажба влезниците.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат