Вардар од првиот барабан ги чека ривалите за Лигата на шампионите

Од:

Европскиот ракометен првак Вардар од првиот барабан ќе ги чека можните противници во групната фаза од ЛШ во сезоната 2019/2020. Заедно со „црвено-црните“ е и францускиот ПСЖ, а тоа значи дека, барем во оваа фаза од натпреварувањето, двата тима ќе бидат во различни групи.

Во оваа фаза од ждрепката нема да биде дозволено во иста група да има два тима од иста земја. Тоа значи дека Веспрем и ПИК Сегед, Флензбург и Кил, Монпелје и ПСЖ нема да може да бидат во иста група.

Првакот од 2018 година, Монпелје пример ќе биде во група со Вардар за да се избегне ПСЖ.

Ждрепката ќе се одржи в четврток од 18 часот:

Барабан 1: Вардар (Македонија), ПСЖ (Франција)

Барабан 2: Барселона (Шпанија), Веспрем (Унгарија)

Барабан 3: Флензбург (Германија), Келце (Полска)

Барабан 4: Мешков Брест (Белорусија), Алборг (Данска)

Барабан 5: Пик Сегед (Унгарија), Мотор Запорожје (Украина)

Барабан 6: ППД Загреб (Хрватска), Монпелје (Франција)

Барабан 7: Елверум (Норвешка), Порто (Португалија)

Барабан 8: Кил (Германија), Целје (Словенија)

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска