Вардар не успеа му ја одземе титулата на Веспрем во СЕХА лигата

Од:

Унгарскиот првак Веспрем ја одбрани титулара во регионалната ракометна СЕХА лига.

На завршниот турнир во Вараждин, Веспрпем вчера во финалето го победни македонскиот шампион Вардар со 28:26 со што по втор пат во низа стана регионален шампион.

Најефикасен на натпреварот беше Момир Илиќ со седум погодоци, но најдобриот ракометар на Веспрем поради повреда го напушти вториот дел, па останува да се види дали се работи за нешто посериозно, со оглед на тоа дека следуваат нови натпревари против унгарскиот тим.

Лука Циндриќ со пет голови беше најефикасен кај Вардар, по четири постигнаа Душебаев и Дибиров. Арпад Штербик имаше девет одбрани.

Инаку, овие две екипи ги очекуваат и два меѓусебни меча во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Во дуелот за 3. место одигран претходно Загреб го победи Мепков Брест со 24:23.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ