Вардар не издржа до крај

Од:

Фудбалерите на Вардар забележаа неверојатен пораз од БАТЕ Борисов во првиот натпревар од второто коло во Лигата на шампиони, откако во судиското надополнување на времето испуштија предност од еден гол. На крајот од натпреварот БАТЕ Борисов го совлада Вардар 3:2.

Играчите на македонскиот шампион, имаа предност по 62 минути игра, која ја испушти во 90та минута.

На стадионот на БАТЕ Борисов, домаќинот дојде до предност од 1:0 во 41-та минута кога Мозолевски постигна гол.

Вардар во вториот дел направи пресврт за само осум минути, најпрвин резултатот го израмни Костовски во 54-та минута, а водство на „црвено-црните“ им донесе Стјепановиќ во 62-та минута од натпреварот.

Секунди го делеа Вардар од победа или нерешен резултат, радоста има ја ускратија најпрвин Родионов, а потоа и Симиќ кои постигнаа погодоци во судиското надополнување на времето.

Реванш натпреварот на кој Вардар ќе брка пласман во третото коло во елитното натпреварување ќе се одигра во Скопје на 25. јули.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ