Познати се составите за вечерашниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Висла во Плоцк со што започнува осминафиналната фаза во елитното натпреварување. Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес се одлучи во составот да вклучи тројца голамни, а ќе ги нема повредените Сергеј Горбок и Филип Лазаров.
Вардар ќе настапи со следниве ракометари: Штербик, Милиќ, Ангелов, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ, Дибиров, Душебаев, Карачиќ, Манасков, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов, Тоскиќ.
Домаќините го пријавија следниот состав: Коралес, Вихари, Дашек, Де Толедо, Јонеа, Квјатковски, Монторо, Никчевиќ, Пушица, Ракотеа, Роча, Тарабокја, Вишњевски, Житников.
Почетокот на натпреварот е во 18:30 часот.
„Црвено-црните“ најавија голема борба за остварување што поповолен резултат пред реваншот во Скопје закажан по десет дена.