Вардар 1961 и во новата сезона на ЛШ стартува од групната фаза

Од:

Македонскиот првак Вардар 1961 и следната сезоната ќе стартува директно од групната фаза во ракометната Лига на шампиони (ЛШ), потврди денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Покрај македонскиот шампион, место во групната фаза за сезоната 2021/22 добија и ППД Загреб, Алборг, ПСЖ, Кил, Фленсбург, ПИК Сегед, Киелце, Порто и бранителот на титулата Барселона.

Преостанатите шест места ќе бидат дополнети со вајлд карта, која ќе ја добијат шест од 12-те пријавени екипи (Мешков Брест, Гудме, Монпеље, Веспрем, Елверум, Висла Плоцк, Спортинг, Динамо Букурешт, Горење, Шафхаузен, Савехоф и Мотор Запорожје).

Конечната одлука ќе биде донесена на 28 јуни, а жрепката за новата сезона во елитното ракометно клупско натпреварување е закажана за 2 јули.

Би можело да ве интересира

Французинот Мане нов ракометар на Металург

Ана Ололовска

Еурофарм Пелистер започна со подготовки за новата сезона

Ана Ололовска

Вујовиќ: Не мора да ме сакаат, ама додека сум јас тренер, има да гинат за Вардар

Жарко Настоски

Вардар ќе обезбеди милион евра гаранција за да добие дозвола за настап во Лигата на Шампионите

Ана Ололовска

Алкалоид нов клуб на македонската ракометна сцена

Ана Ололовска

Пепи Манасков ќе ги тренира кадетите на Вардар

Жарко Настоски