Ван Перси се сретнал со челниците на Јувентус

Од:

Холанѓанецот ги посетил Торино и тренинг-центарот на „Старата дама“, каде разговарал со првите луѓе на клубот за неговата евентуална преселба во Торино.

Како што пишуваат некои италијански медиуми, Робин ван Перси минатата недела во голема тајност престојувал во Торино, каде се сретнал со управата на Јувентус и го посетил „Виново“, тренинг-центарот на новиот шампион на Италија.

Според „La Gazzetta dello Sport“, капитенот на Арсенал сериозно размислува за заминување од Лондон, а една од неговите желби за продолжување на кариерата се Серија А и Јувентус.

„Старата дама“ е во потрага по засилување за својот напад, а името на Ван Перси веќе некое време се спомнува како можно решение.

Реномираниот италијански спортски весник пишува дека во средбата со првите луѓе на клубот на Холанѓанецот му била понудена годишна плата од шест милиони евра, но и дресот со број 10, кој до пред само неколку дена го носеше клупската легенда Алесандро Дел Пиеро.

Сепак, и сево ова да е вистина и Ван Перси да посака да ја продолжи кариерата во Италија, челниците на „Бјанконерите“ се соочуваат со уште потешката задача да го убедат Арсенал да го продаде својот капитен, чиј договор истекува следното лето. Посебно ако се знае дека некои клубови, како Манчестер Сити, се подготвени да понудат повеќе од Јувентус.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат