Ван Перси: Го напуштив Арсенал затоа што не ми понудија нов договор

Од:

Робин ван Перси изјави дека бил принуден да го напушти Арсенал и да премине во Манчестер Јунајтед затоа што „топџиите“ одбија да му понудат нов договор.

Холандскиот репрезентативец играше осум сезони во Северен Лондон пред да се приклучи на Јунајтед летото 2012 година, каде во својата деби-кампања ја освои титулата во Премиер лигата.

– Една од главните причини што го напуштив Арсенал, е дека се иззамори од мене, тука започна се – тие не ми понудија нов договор“, изјави тој за БТ Спорт.

– Тогаш погледнав околу себе – бев амбициозен, сепак сакав да ја освојам лигата. Имав пред мене три опции – една од нив беше да играм во странство, но веднаш падна. Тогаш останаа Сити и Јунајтед. Она што луѓето не го знаат е дека за време на трансферот, многу работи се случуваат зад сцената. Мора да преземете огромен ризик и да ги направите вашите избори врз основа на вашите цели, но и на фактите. Неколку пати разговаравме со Венгер, со Газидис. Но, тие не ми оставија друг избор освен да заминам, заврши Холанѓанецот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска