Ван Гал посочи кој е совршен клуб за Де Лихт

Од:

Поранешниот ментор на Ајакс и Барселона, Луис ван Гал, го советува холандскиот дефанзивец Матаис де Лихт да се пресели во Каталонија по крајот на сезоната. Младиот дефанзивец веќе ја носи капитенската на Ајакс и интерес кон него има од најголемите европски клубови.

– Мислам дека Де Лихт би можел да се справи во било кој од водечките шампионати. Во Италија се мајстори во играта во одбрана, таму ќе научи многу. Но, ако сум на негово место, ќе ја одбранам Барселона. Зошто? Бидејќи Барса нема толку добри дефанзивци, а Матаис лесно ќе се наметне. Како алтернатива, јас би го препорачал Манчестер Сити, изјави Ван Гал.

Вчера, тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, призна дека Де Лихт сигурно ќе биде продаден во текот на летото. Фаворити за 19 годишниот талент се Барселона и Баерн Минхен. За него, исто така, интерес покажуваат Јувентус и Пари Сен Жермен.

Де Лихт е дете на Ајакс, а во тековната сезона има 28 натпревари и 2 гола во „Ередивизи“. Холанѓанецот игра многу силно во Лигата на шампионите, каде што неговиот тим е пласиран во четвртфинале.

Би можело да ве интересира

Два гола на Англичанецот за победа на Реал Мадрид против Барса

Воз усмрти четири лица во Барселона

Барселона се ослободи од играчот кој беше голем проблем

Предраг Петровиќ

Скаути на Барселона го гледале Мукоко

ВИДЕО: Турист нападнат од крадци со нож, тепачка и брканици сред Барселона

Предраг Петровиќ

Во судар на возови кај Барселона еден загинат и 85 повредени патници

А1он