Ван Дер Варт во Бундес лигата

Од:

Бундеслигашот и менаџерот на холандскиот фудбалски интернационалец потврдија дека ван дер Варт во следната сезона ќе ги брани боите на Хамбургер, откако ќе стави потпис на тригодишен договор со клубот.

Тотенхем за услугите на Холанѓанецот бараше 17,5 милиони евра на име обештетување, додека Германците лицитацијата ја почнале од 10 милиони евра. Според епилогот, очигледно двете страни се нашле на средина од патот. Ова го потврди менаџерот Роберт Гирлингс.

Рафаел ван дер Варт точно пред две сезони, на последниот ден од преодниот рок, прејде од тимот на Реал Мадрид во лондонскиот премиерлигаш Тотенхем. За „Петлите“ одигра вкупно 94 натпревари.

Покрај Рафаел ван дер Варт, Тотенхем вчера го продаде и мексиканскиот репрезентативец Џовани дос Сантош, кој кариерата ја продолжува во шпанска Мајорка.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска