Ван де Бик ќе ги „избрка“ Лингард и Переира од Јунајтед

Од:

Екипата на Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од Џеси Лингард и Андреас Переира за да направи простор за нови засилувања на „Олд Трафорд“. „Црвените ѓаволи“ се близу до потписот на sвездата на Ајакс, Дони ван де Бик, кој би чинел околу 40 милиони фунти.

Холандскиот играч за врска, кој ќе биде првото засилување на Оле Гунар Солскјер во текот на летото, се верува дека ги договорил неговите лични услови и ќе потпише за пет години.

Минатата сезона беше тешка за Лингард, кој многу ретко добиваше шанса да настапи. Переира имаше и периферна улога за Јунајтед.

Со тоа ќе се стави крај на 20-годишната кариера на Лингард во Јунајтед, кој се приклучи на клубот кога имал само седум години, но Англичанецот не започнал натпревар од Премиер лигата за овој клуб од Нова година.

Переира се приклучи на клубот во 2011 година на 15-годишна возраст, но не играше како стартер од ремито 1:1 со Бриж во Лига Европа во февруари.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ