Валверде: За нас, Меси е најдобриот

Од:

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, изјави дека неговиот играч, Лионел Меси, требало да ја освои наградата за најдобар светски фудбалер во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), а не фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

– Секој има свое мислење, така и јас. За нас, Лео е најдобриот во светот, изјави Валверде за шпанските медиуми.

Халфот на Реал Мадрид и хрватскиот национален тим беше избран синоќа во Лондон за најдобар играч во светот.

– Тоа е награда која е наречена „Најдобар“ (The Best), а играчот кој беше најдобар за нас во светот не беше таму … Модриќ е одличен играч кој имаше одлична сезона, рече тренерот на Барселона.

Ниту Меси, ниту Кристијано Роналдо не присуствуваа на церемонијата во Лондон.

Ова е прв пат од 2007 година Меси или Роналдо да не ја освојат наградата која се доделува од ФИФА.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот