Валенсија нуди 20 милиoни фунти за Един Џеко

Од:

Шпанскиот клуб Валенсија ќе понуди 20 милиони фунти на Манчестер Сити за услугите на босанскиот репрезентативец Един Џеко, објавува англискиот весник „Дејли Стар’’.

Напаѓачот на англискиот шампион е приоритет во плановите на тимот од „Местаља„ кој минатата сезона во шпанската Примера заврши на осмото место.

Отсуството на Валенсија од европските купови може да биде една од причините Џеко да не сака да се пресели во Шпанија, односно да остане во Манчестер Сити и да игра во Лигата на шампионите.

Дваесет и осумодишниот Босанец е во плановите на Мануел Пелегрини, но упорноста на богатиот сингапурски бизнисмен Петер Лим кој е сопственик на Валенсија, би биле клучни за иднината на Џеко. Како што наведува „Дејли Стар’’ понудата на Лим може да порасне и до 25 милиони фунти.

Џеко кому летово му истекува договорот со Манчестер Сити засега нема добиено понуда од раководството на клубот за продолжување на договорот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска