ВАДА импресионирани од напредокот на руската агенција за борба против допингот

Од:

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) е импресионирана од напредокот на руската анти-допинг агенција (РУСАДА) за обновување на нејзиното членство во организацијата, но тоа се случува многу бавно, истакна претседателот на ВАДА, Крег Риди, на состанокот во Лозана.

На состанокот нема да биде донесена конечна одлука за обновување на активностите на РУСАДА. Ова најверојатно ќе се случи на состанокот на 17 мај во Монтреал.

– ВАДА е импресионирана од напредокот кој го покажува РУСАДА. Агенцијата продолжува да работи за почитување на барањата со поддршка на ВАДА. Ние го очекуваме враќањето на активностите на РУСАДА, но за жал тоа одзема повеќе време, отколку што ние би сакале. Во интерес на руските спортисти, оваа ситуација треба да се промени, изјави Риди.

Во ноември 2015 година ВАДА и ги одзеде правата на РУСАДА поради системски нарушувања при контрола за употреба на забранети стимуланси во Русија. Две години подоцна, казната на руската агенција беше продолжена.

Од средината на јули до крајот на декември минатата година, РУСАДА спроведе 3.330 допинг проверки на руски спортисти. Од нив, 788 проверки беа извршени за време на натпреварувања, а 2.542 надвор од нив. Руската агенција почна да спроведува допинг тестови од средината на 2017 година.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он