В недела хуманитарна трка за поддршка на заболените од Вилсон

Од:

В недела, на 21 октомври, на кејот на Вардар кај мостот кај лунапаркот, со почеток во 11:30 часот ќе се одржи хуманитарна штафетна трка „Подај рака 2018“ за поддршка на заболените од ретката болест Вилсон. Собраните средства од котизацијата оваа година ќе бидат искористени за запознавање на матичните лекари со можните симптоми и начините за рано детектирање на болеста, што ќе се спроведе со карван низ повеќе градови.

Трката, која се одржува по четврти пат, е во организација на Здружението на граѓани за поддршка на лица со оваа ретка болест „Вилсон Македонија“, а во неа ќе учествуваат и лица заболени од Вилсон и од други ретки болести со што симболично ќе се покаже дека кога дијагностиката и терапијата се навремено аплицирани, со најголемиот број ретки болести, може да се живее нормален живот, рамноправен со сите луѓе.

„Со овој настан сакаме да им дадеме поддршка и на сите лица кај кои најчесто, како последица на ненавремена детекција, ретките болести оставиле непоправливи последици, како и да им оддадеме почит на оние кои прерано го изгубиле својот живот борејќи се со нив“, велат од „Вилсон Македонија“.

Трката, како и досега, ќе биде штафетна и ќе се трчаат четирипати по еден километар, а ќе има и детска трка бидејќи е многу важно најмладите да се запознаат и од мали да даваат поддршка на лица кои се соочуваат со ретки болести, паралелно развивајќи ја својата хуманост. Котизацијата за учество во трката е симболична и изнесува 150 денари. Заинтересираните кои не се во можност да трчаат, а сакаат да дадат поддршка може да изберат индивидуален пакет маица + активна поддршка по цена од 150 денари. Повеќе информации и пријавување за годинешнава трка „Подај рака“ се достапни на следниов линк https://www.smartrace.club/

Болеста Вилсон предизвикува нарушување во метаболизмот што доведува до таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите, процес што се одвива постепено, со години, пред појавата на првите симптоми.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради меѓународна ноќна атлетска трка

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Во Скопје се одржа трка со специјален протокол

А1он

Нова и несекојдневна атлетска трка „HalkEco хронометар 10 км!“

Ана Ололовска

Откажана Големата награда на Австралија во Формула 1

Aleksandar Petrovski