Успешен настап на спортските екипи на Град Скопје на натпревари во Подгорица

Од:

Најдобрите спортски екипи на средните училишта од Скопје, кои вчера се натпреваруваа со нивните врсници од збратимениот град Подгорица, Црна Гора, постигнаа солидни резултати, соопштија од Град Скопје.

Наведоа дека екипите од Скопје се натпреварувале со нивните врсници од Подгорица во кошарка, ракомет и футсал во машка и во женска конкуренција, како и во одбојка во женска конкуренција.

– Нашите одбојкарки беа подобри од своите противнички и победија со 2:0, а ракометарките изгубија само со гол разлика, односно 19:20, додека ракометарите играа нерешено 17:17. Во футсал машките беа поуспешни и извојуваа победа со резултат 5:4, а женските загубија 3:4. Во кошарка средношколките изгубија 39:49, а машките победија 44:36, информираа од Град Скопје.

Во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје учествуваа 245 екипи, а се одиграа над 1.000 натпревари во кои се вклучија околу 7.000 ученици од 29 средни училишта од Скопје.

За организација и реализација на средноучилишниот спорт во Скопје, Градот Скопје годинава одвои 3.500.000 денари.

Дополнително, и оваа година додели стипендии за спортистите средношколци од Скопје, односно додели 105 стипендии, од по 3.000 денари во текот на осум месеци до крајот на 2019 година, средства обезбедени од буџетот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески