Уште едно признание за Левандовски, Полјакот најдобар во избор на IFFHS

Од:

Полјакот Роберт Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер на светот во 2020 година, во избор на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (IFFHS) со седиште во Бон.

IFFHS денеска ги прогласи најдобрите за минатата година во вкупно 17 категории, во гласањето во кое учествува претставници на Институтот од 150 држави од сите континенти.

Наградата за најдобар фудбалер во женска конкуренција ја освои данската репрезентативка Пернил Хардер, додека Аргентинецот Лионел Меси го доби признанието за фудбалер на годината во Јужна Америка.

Добитници на наградите на IFFHS

Мажи:

Најдобар фудбалер на светот – Роберт Левандовски (Полска)

Најдобар фудбалер на Азија – Сон Хеунг-Мин (Јужна Кореја)

Најдобар фудбалер на Африка – Садио Мане (Сенегал)

Најдобар фудбалер на КОНКАКАФ – Алфонсо Дејвис (Канада)

Најдобар фудбалер на КОНМЕБОЛ – Лионел Меси (Аргентина)

Најдобар фудбалер на Океанија – Крис Вуд (Нов Зеланд)

Најдобар фудбалер на Европа – Роберт Левандовски (Полска)

Најдобар стрелец – Роберт Левандовски (Полска)

Најдобар лигашки стрелец – Кристијано Роналдо (Португалија)

Најдобар стрелец во меѓународни натпреварувања – Ромелу Лукаку (Белгија)

Жени:

Најдобар фудбалер на светот – Пернил Хардер (Данска)

Најдобар фудбалер на Азија – Саки Кум Агаи (Јапонија)

Најдобар фудбалер на Африка – Асисат Осхола (Нигерија)

Најдобар фудбалер на КОНКАКАФ – Тобин Хет (САД)

Најдобар фудбалер на КОНМЕБОЛ – Марта (Бразил)

Најдобар фудбалер на Океанија – Ребека Стот (Нов Зеланд)

Најдобар фудбалер на Европа – Пернил Хардер (Данска).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат