US Open: Победи за Ѓоковиќ, Мареј и Бердих

Од:

Фаворитите Новак Ѓоковиќ (Србија), Енди Мареј (Велика Британија) и Томаш Бердих (Чешка) со убедливи 3:0 во сетови ги совладаа своите противници во 3. коло од тенискиот US Open.

Во осминафиналето на Отвореното првенство на САД, Ѓоковиќ се пласира преку победата над Жоао Соуса (Португалија) со 6:0, 6:2 и 6:2 остварена ноќеска за еден час и 40 минути игра. Португалецот немаше сили за посериозен отпор против првиот светски рекет.

Претходно пласман помеѓу најдобрите 16 на Грен Слемот во Њујорк забележа и Мареј, откако го победи Флориан Мајер (Германија) со 7:6, 6:2 и 6:2.

Во 4. коло се пласира и Бердих кој го совлада Жан Бенетоа (Франција) со 6:0, 6:3 и 6:2.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ