Уругвај го напаѓа четвртото место

Од:

Двократниот светски шампион Уругвај во дуел со директниот конкурент Еквадор ќе се обиде да се избори за четвртото место кое носи директен пласман на Светското првенство од Јужноамериканските квалификации.

Поразениот од овој натпревар, на кој Еквадор е домаќин ќе има шнаса потоа преку бараж да се пласира на Мундијалот. Еквадор нема победа на последните четири натпревари од квалификациите, додека Уругвај има серија од три победи.

Дуелот меѓу Колумбија и Чиле е пресметка за второто место во групата, кое во секој случај ќе носи подобро место во „шеширите“ за извлекувањето на групите на Мундијалот.

Од јужноамериканските квалификации во претпоследното коло играат: Венецуела – Парагвај, Колумбија – Чиле, Еквадор – Уругвај и Аргентина – Перу.

Табела: Аргентина 29 бодови, Колумбија 26, Чиле 24, Еквадор 22, Уругвај 22, Венецуела 19, Перу 14, Боливија 11, Парагвај 11.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он