Украина го доби местото на Русија на Светското првенство во одбојка

Од:

Украина ќе ја замени Русија на Светското првенство во одбојка, потврди светската федерација ФИВБ, откако им ја одзеде на Русите организацијата на Мундијалот, кој сега ќе се пресели во Полска и Словенија.

„Полска и Словенија беа две од многуте првокласни одбојкарски дестинации кои се понудија да бидат организатори. Во јасна демонстрација на европска солидарност, постои можност една или повеќе европски нации да се приклучат на шампионатот и тие ќе бидат одредени подоцна. Бидејќи Полска и Словенија веќе се квалификувани за турнирот, Украина е поканета да ја замени Русија на шампионатот како следен највисокорангиран тим“, објави ФИВБ.

Русија требаше да биде организатор на СП во 10 града во август и септември, и Руската одбојкарска федерација најави дека ќе бара отштета од 80 милиони долари од ФИВБ. Рускиот селектор Владимир Алекно вели дека ситуацијата е тажна.

„Работите беа наместени и пред официјално да потврдат. Тажно е да се гледа оваа агенда против Русија и чувствувам само разочарување и презир, но времето ќе ги постави работите на свое место. Како што кажа нашиот претседател: ‘Што ќе ни е свет во кој ќе ја нема Русија’. Јас ќе кажам: Што ќе ни е спорт во кој ја нема Русија? Се плашат од нас“, изјави Алекно.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси