УЕФА во петок ќе одлучи за исфрлањето на Реал, Сити и Челзи од Лигата на шампионите

Од:

Висок претставник на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) не ја исклучи можноста Реал Мадрид, Манчестер сити и Челзи, три од 12-те клубови кои застанаа зад новата Супер лига, да бидат исфрлени од полуфиналето во тековната сезона во Лигата на шампиони, најавувајќи оти одлуката ќе биде донесена в петок.

-Клубовите мораат да заминат, а очекувам тоа да се случи в петок, изјави попладнево членот на Извршниот комитет на УЕФА и претседател на Фудбалската федерација на Данска Јеспер Молер.

-За петок е закажан вонреден состанок на Извршниот комитет, а тогаш мораме да одлучиме како ќе заврши сезоната, додаде Молер во изјава за Данската радио-телевизија (ДР).

Во полуфиналето на Лигата на шампиони треба да играат ПСЖ-Манчестер сити и Реал Мадрид – Челзи. Првите натпревари се закажани за 27 и 28 април, додека реваншите се на програмната на 4 и 5 мај.

Финалето треба да се игра на 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта