УЕФА суспендира двајца судии за местење натпревар

Од:

Европската фудбалска федерација (УЕФА) соопшти дека суспендира двајца ерменски судии, откако тие признале дека учествувале во местење натпревар во квалификациите за Лига Европа.

Андраник Арсенјан, кој ја имал улогата на главен судија и неговиот помошник Ховханес Авагјан му признале на Фудбалскиот сојуз на Ерменија дека се обиделе да го наместат реванш натпреварот од првото квалификациско коло меѓу Интер Турку (Финска) и Викинг (Фарски Острови) одигран на 11 јуни годинава.

Споменатиот дуел го доби тимот на Викинг со 1:0 и со вкупен резултат 2:1 обезбеди пласман во следната рунда.

Индикациите дека има сомнителни случувања ги потврдил и „системот на УЕФА за контрола на обложувањата“ преку кој се следат над 32.000 натпревари ширум Европа, кој пак регистрирал сомнителни уплати за овој натпревар. Тоа дополнително ги поттикнало сомнежите на УЕФА, од каде решија да спроведат и дополнителна истрага.

Случајот на суспендираните судии ќе го разгледува Дисциплинската комисија при УЕФА на 22 август.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна