УЕФА: Правилото за пет замени останува и за натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа

Од:

Остануваат по 5 замени за натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа
Будимпешта, 23 септември 2020 (МИА) – Правилото за петте замени, кое беше воведено на крајот на минатата сезона поради ефектите врз играчите од страна на пандемијата, ќе се задржи на натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа оваа сезона.

Состанокот на Извршниот комитет на УЕФА ќе се одржи утре во Будимпешта, на кој ќе се гласа за пакетот правила што ќе важат во текот на сезоната.

Ла Лига, Серија „А“, Бундеслигата и Лига 1 веќе ја донесоа таа одлука и го зачуваа правилото со пет замени, само мнозинството екипи во Премиер лигата, со исклучок на најголемите клубови, гласаа против и се откажаа од мерката.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна