УЕФА од втор обид ги извлече осминафиналните двојки во ЛШ, Челзи повторно против Лил

Од:

Осминафиналните двојки во Лигата на шампиони (ЛШ) се познати попладнево, откако УЕФА прво ја поништи извлечената жрепка поради технички проблем со софтверот и ја повтори целата процедура.

Како и при првата жрепка што беше извлечена точно напладне, бранителот на трофејот Челзи за противник го доби француски Лил, додека Манчестер јунајтед место со ПСЖ ќе игра против Атлетико Мадрид,

Лига на шампиони, осминафинале:

Салцбург – Баерн Минхен, Спортинг – Манчестер сити, Бенфика – Ајакс, Челзи-Лил, Атлетико – Манчестер јунајтед, Виљареал – Јувентус, Интер – Ливерпул, ПСЖ – Реал Мадрид.

Првите средби ќе се играат на 15/16/22/23 февруари, додека пак реваншите се на програмата 8/9/15/16 март.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана