УЕФА му додели педесет илја евра на „СОС Детско село“

Од:

Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) ја прифати иницијативата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), СОС Детско село – Македонија да добие награда 50.000 евра од Фондацијата за деца.

Средствата се наменети за развој на спортските активности на децата што живеат таму.

– ФФМ секогаш се труди да има активна улога во општеството, давајќи придонес во проекти и активности кои ја истакнуваат нашата социјална одговорност. Исклучително ни е драго што СОС детското село ја доби наградата од УЕФА Фондацијата за деца во износ од 50 000 евра, средства кои што ќе ги инвестираат во понатамошен развој на спортските активности на децата што живеат таму. Ова е придонес преку фудбалот да се подобри квалитетот на живот на децата во нивнита заедниц, рече в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на денешната прес-конференција.

Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски ја истакна една од суштинските заложби на ФФМ, како социјално одговорна организација која придонесува преку фудбалот да се збогати квалитетот на живот на деца од социјално ранливи категории.

– Ние искрено се надеваме дека дел од средствата од наградата кои ќе се наменат за изградба на фудбалско игралиште со вештачка трева ќе поттикнат и инспирираат повеќе деца што живеат таму да уживаат во играњето фудбал, истакна Поповски.

Зорица Серафимовска Арсовска, претседателот на Управниот одбор и Јулијана Накова Гапо националниот директор на СОС Детско потенцираа дека е многу значајно спортувањето на децата кои се без родителска грижа и се во социјален ризик.

– Спортските активности се многу важни за физичкиот и психичкиот развој на децата. Бавењето со спортски активности редовно, ќе промовираат здрав начин на живот, а од друга страна ќе превенираат нивно девијантно, односно деструктивно однесување, посочи Гапо.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана