УЕФА истражува местени натпревари од страна на Стеауа, Фенербахче и Бешикташ

Од:

Европската фудбалска асоцијација – УЕФА покрена постапка против романската Стеауа и турските Фенербахче и Бешикташ поради местење резултати.

Бешикташ е осомничен за местење на натпреварот од финалето на Купот на Турција 2011 година.

Во Фенербахче обвиненија се поднесени против пет службеника за местење на резултати на повеќе натпревари кои ги одиграл клубот, а можно е и повторно исклучување за овој турски клуб од Лигата на шампионите што би значело вторпат во последниве три години.

Фенербахче во сезоната 2011/12 беше исклуче од Лигата на шампионите поради поврзаност на неколку раководни лица со местење натпревари во домашното првенство.

Романскиот клуб Стеауа се соочува со казна поради тоа што не ги почитувал правилата донесени од УЕФА, а кои се однесуваат за учество во матичните првенства.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана