УЕФА го укина правилото за головите на гостински терен

Од:

Извршниот комитет на УЕФА денеска донесе одлука за укинување на правилото за поголемо вреднување на головите постигнати на гостински терен, кое е на сила во европските натпреварувања цели 56 сезони. Правилото ќе биде укинато почнувајќи од претстојната 2021/22 сезона.

Одлуката, како што е соопштено попладнево, ќе се применува во сите натпреварувања во организација на УЕФА во машка, женска и младинска конкуренција, почнувајќи веќе од 1. квалификациско коло во Лигата на шампиони и Конференциската лига.

– Доколку две екипи имаат постигнато идентичен број на голови по вториот одигран натпревар, победникот ќе се одлучува во две продолженија од по 15 минути, а доколку резултатот остане нерешен, победникот ќе се одлучува преку изведување пенали, соопшти УЕФА.

Правилото според кое гол постигнат на гостински терен вреди повеќе од гол постигнат на домашен терен беше на сила во европските национални и клупски натпреварувања од 1965 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна