УЕФА го објави најдобриот тим за 2012 година

Од:

 Посетителите на официјалниот сајт на Европската фудбалска асоцијација – УЕФА кои гласаа за состав на најдобриот тим за 2012 година одлучија во 11.те најдобри да бидат осум играчи од шпанската Примера Дивизија и по еден од германската Бундес лига, француската Лига 1 и италијанската Серија А.

Состав на тимот за 2012 година избран од гласачите на УЕФА сајтот:

Голман – Икер Касилјас (Реал Мадрид/Шпанија)

Одбрана: Серхио Рамос (Реал Мадрид/Шпанија), Жерар Пике (Барселона/Шпанија), Тиаго Силва (ПСЖ/Бразил) и Филип Лам (Баерн Минхен/Германија).

Среден ред: Андрес Иниеста (Барселона/Шапнија), Андреа Пирло (Јувентус/Италија), Месут Озил (Реал Мадрид/Германија), Чави Хернандез (Барселона/Шпанија).

Напад: Лионел Меси (Барселона/Аргентина), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид/Португалија).

Во гласањето учествувале 5,3 милиони гласачи што претставува 20-процентно зголемување во однос на измината година.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ