УЕФА ги објави паричните награди за учесниците во Лига Европа

Од:

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го соопшти наградниот фонд за Лигата на Европа.

Од сумата од 225 милиони евра, на клубовите ќе им припаднат 75 проценти, додека остатокот ќе го остане во УЕФА за покривање на административни и организациски трошоци.

Секој клуб кој ќе се пласира во групната фаза, ќе заработи по 1.3 милиони евра.

Секоја победа во групната фаза ќе биде наградена со дополнителни 200.000 евра, додека нерешениот резултат ќе носи двојно помалку пари.

Предвидени се награди и за прво пласираниот тим од групата кој ќе заработи дополнителни 400.000 евра, а второ пласираниот 200.000 евра.

Екипите кои ќе обезбедат пласман во шеснаесет-финалната фазата, ќе добијат уште по 200.000 евра.  Оние кои ќе играа во осмина-финалето ќе го збогатат своето конто со 350.000, а чеврт-финалистите со дополнителни 450.000 евра.

Еден милион евра заработка ќе носи пласманот во полуфиналето, додека победникот во Лига Европа ќе заработи 5 милиони евра, а финалистот 2,5 милиони.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана