УЕФА ги објави номинациите за „Тимот на годината“

Од:

УЕФА денеска го објави списокот со номинирани фудбалери во анкетата за избор на најдобрите 11-мина во 2020 година. Гласањето за изборот на тимот на годината ќе трае до 6 јануари следната година преку официјалниот сајт на Европската куќа на фудбалот.

УЕФА номинираше вкупно 50 фудбалери, од кои најмногу – десет, се од европскиот првак Баерн Минхен. По осум играчи во потесниот избор имаат англискиот шампион Ливерпул и францускиот првак ПСЖ.

На репрезентативен план, најмногу номинации – шест има Германија. За прв пат од оваа година УЕФА ќе прогласи и тим на годината во женска конкуренција, а номинирани се 50 фудбалерки.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана