Хрватскиот интернационалец, кој настапува за украински Шахтјор, Дарио Срна не бил позитивен на допинг тестот, пренесува хрватскиот портал „24 сата“.
Веста за позитивниот допинг на Срна пред два дена ја пренесоа медиуми од Украина, тврдејќи дека тоа се случило по натпреварот од Лигата на шампионите со Наполи.
Ваквите информации ги негираше и Европската фудбалска федерација (УЕФА).
– Можеме да потврдиме дека кај нас Срна не паднал на допинг тестот, пишува во соопштението на УЕФА.
Натпреварот од 1. коло од Лигата на шампионите Шахтјор го доби против Наполи со 2:1.